Мартија Станојковиќ ги разреши дилемите: Дали е со Иван, откако пејачот раскина со Антониа? (ВИДЕО)
Младата пејачка Мартија Станојковиќ во интервју за медиум конечно ги реши дилемите, откако насекаде се рашири вест дека пејачот од Либеро Бенд, Иван Јованов е во љубовна врска со Мартија, по раскинувањето со својата долгогодишна љубов Антониа Гиговска.
„Јас и Иван се знаеме преку Антониа, покрај тоа што се знаат нашите родители преку работата. Јавно ќе кажам дека се е професионално, се си е на пријателски однос. Си се почитуваме и тоа е се“. Ова го изјави пејачката Станојковиќ во интервјуто во емисијата „Жешко столче“.
Веста за наводниот љубовен жар помеѓу Станојковиќ и Јованов доаѓа по нивниот заеднички настап во угостителски објект.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа