Маск за вработените во Твитер: Нема веќе работење од дома

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, преку е-пошта ги известил вработените во компанијата да се подготват за „тешките времиња што претстојат“ и дека работата од дома е забранета, освен ако тој лично не го одобри тоа, објави денеска Bloomberg News.

Новите правила, кои стапуваат на сила веднаш, бараат од вработените да бидат во канцеларија најмалку 40 часа неделно, додаде Маск во е-поштата што ја видела агенцијата во Њујорк.

Тој рече дека „нема начин да се наслика“ економската перспектива или како тоа ќе влијае на „Твитер“ како компанија зависна од реклами.

Твитер е под водство на Маск речиси две недели, за кое време тој отпушти приближно половина од својата работна сила и повеќето поранешни високи менаџери.

Новиот шеф на оваа социјална мрежа ја подигна цената на претплата на опцијата Twitter Blue (пристап до премиум функции) на 8 долари, што вклучува проверка на корисникот.

Во е-пошта до вработените, Маск додаде дека сака претплатите да сочинуваат половина од приходите на Твитер.

10.11.2022 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега