Масовно крадење струја во Кавадарци - неколку куќи се поврзале директно на мрежата
Кражба на струја билa пријавенa во кавадаречката полиција во текот на вчерашниот ден, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Вчера во 10.40 часот во ОВР Кавадарци, од ЕВН Македонија било пријавено дека на улица „Клинска“ во градот била извршена кражба на електрична енергија. По излегување на лице место од страна на увидна екипа од ОВР Кавадарци и екипа на ЕВН, било констатирано дека од страна на НН лица со повеќе кабли директно од бетонски столб на самата мрежа, без мерен уред, биле поврзани неколку куќи. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, појаснија од СВР Велес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа