МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на жртвите во Пулс

 

Стопанската Комора на Македонија - Турција МАТТО и нејзините членки донираат 3 300 000 денари за поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

-Голема тага и жал не обви сите нас. Посакуваме повредените што побрзо да се опорават и да се вратат во прегратките на своите најблиски. Длабоко сочувство до семејствата на загинатите, воедно и искрени желби за брзо опоравување на повредените. Молитвите на членовите на МАТТО се со семејствата на настраданите и семејствата на жртвите во Кочани, наведува Комората.

МАТТО нагласува дека ќе продолжи да го поддржува Црвениот крст и неговите хуманитарни иницијативи за еднакво општество.

21.03.2025 - 09:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега