Маж нелегално си превезувал огревни дрва - остана без трактор, и без дрва
На 20.11.2023, по претходно добиени сознанија за нелегална сеча на дрва, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе, на регионалниот пат кај Свети Николе, запреле трактор управуван од Ј.А.(51) од Пробиштип, натоварен со огревни дрва без соодветна документација. Тракторот и дрвата се одземени и ќе бидат предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка, а против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
21.11.2023 - 16:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа