Маж сакал да направи услуга, а сега треба да плаќа брз кредит кој не го ни побарал

На 22.07.2024 во 13:00 часот во СВР Тетово, 64-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице.

Според пријавеното, во мај 2024 година преку социјална мрежа, лицето го довело во заблуда така што побарало од него на негова сметка да му бидат испраќани пари од страна на роднина на лицето од странство.

Како што е пријавено, тој испратил слика од неговата лична карта и трансакциска сметка и потоа во два наврата на сметката му стигнале вкупно 45.000 денари кои во Скопје ги дал на машко лице, по што бил блокиран од профилот со кој комуницирал.

Исто така, според пријавеното, вчера на домашна адреса му пристигнало писмо од финансиско друштво дека должел пари за рата од брз кредит, кој никогаш не го подигнал, по што сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

23.07.2024 - 16:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега