Маж со Алцхајмерова болест заборавил дека се во брак, па повторно се вљубил во сопругата

 

Една сабота вечер минатиот декември, додека Питер и Лиза Маршал седеа на каучот и ја гледаа својата омилена ТВ-емисија. Питер ја погледна Лиза и ја праша дали ќе се омажи за него.

Сепак, тие веќе беа во брак, а Петар не се сеќаваше на тоа.

Си-Ен-Ен пишува дека тој започнал да ја губи меморијата пред три години, а по бројните тестови, му била дијагностицирана Алцхајмерова болест. Не можел ниту да се сети на моментите од неговата романса со Лиза. Заборавил кога првпат се сретнале, кога се првпат се држеле за рака или се бакнале.. Тој дури и не се сеќава на нивната венчавка.

„Создадовме нови спомени, но ме боли кога ќе го прашам дали се сеќава на нешто од порано, бидејќи не може да се сети“, изјави Лиза за Си-Ен-Ен. Многу се трогнала што сопругот ме запроси повторно. Тој се в вљуби во мене двапати, се чувствував почестено, како принцеза. Јас сум најсреќната на светот", додаде Лиза.

На крајот, тие ги обновиле брачните завети. Лиза не сакала да ја пропушти можноста да создаде друга нови спомени за сеќавање со нејзиниот сопруг. Тие се венчаа на 26 април годинава.

"Влегов во тоа без никакви очекувања. Питер беше добро цел ден, тој беше навистина среќен. За време на заветот, тој ми рече дека ме сака и само тоа ми требаше", заклучила Лиса за Си-Ен-Ен.

29.06.2021 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега