Мажите во овој хороскопски знак се сон на секоја жена
Иако сите имаат различни вкусови, желби и очекувања, сепак сите жени сакаат на крајот да се омажат со некој кој ќе биде верен, ќе ги сака и ќе биде покрај нив.
Според астролозите, положбата на планетите на одреден хороскопски знак има значајно влијание врз карактерот на една личност.
Па така, мажот кој е роден во хороскопскиот знак Бик, се смета дека како сопруг ги има најдобрите особини од сите знаци во Зодијакот.
Постојат некои описи кои го претставуваат Бикот како неморален, но тоа е само во исклучителни ситуации кога има силна потреба да го задоволи својот физички живот.
Инаку, тој е кроток, добродушен и верен. Никогаш нема да запостави својот дом и семејството поради каков било интерес. Тој ги обожува сопругата и децата, поради што дава сè од себе за да им ги обезбеди најдобрите услови за живот.
Овој тип на маж најчесто се жени со девојка која има подобар материјален и социјален статус од него, затоа што се раководи од амбицијата да успее да се пробие во повисоките друштвени и општествени кругови.
Венера му дава исклучителна смисла за убавина, што допринесува за тоа Бикот секогаш за себе да бара убава и згодна жена. Тие обожаваат другите да зависат од нив и сакаат да чувствуваат дека тие му даваат сè на своето семејство.
Кога еднаш ќе се ожени, Бикот најтешко се разведува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа