Мбапе не сака да игра со Меси?
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе наводно не сака да игра заедно со Лионел Меси.
Француските медиуми, повикувајќи се на извори пишуваат дека тоа е причината зошто побарал од клубот да го пушти да лета во Реал Мадрид.
Се чини дека сите други се задоволни со доаѓањето на Меси. Се создала голема еуфорија, а меѓу најсреќните е Нејмар.
Дури и претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи му испрати јасна порака на Мбапе.
-Сите во светот се загрижени за иднината на Килијан Мбапе. Тој е играч на ПСЖ. Килијан сака да победува, натпреварувач е. Јавно рече дека не сака да го напушти тимот и нема сомнеж – Килијан останува. Сметам дека имаме многу компетитивен тим, сега нема друг избор за Килијан, освен да остане, рече Ал Келаифи.
Доколку клубот не го пушти ова лето, Мбапе следното како слободен играч ќе има можност да ја одбере средината со оглед на тоа што му завршува договорот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа