Мбапе трагичар за Франција: Шпанија ќе игра против Швајцарија
Шпанија и Швајцарија ќе се пресметаат во четвртфиналето откако Швајцарците на пенали ја победија Франција. Најголемата ѕвезда на „триколорите“, Килијан Мбапе беше трагичарот на натпреварот. Голманот Јан Зомер ја прочита неговата намера и го фати последниот 5-ти пенал, откако претходно Мбапе имаше лош натпревар.
Претходно, сите играчи на Франција и Швајцарија ги совладаа голманите Зомер и Хуго Лорис.
Швајцарија за судиско продолжение се избори во последните 10 минути од натпреварот, кога се врати од негативата од 2 гола. Сеферовиќ и Гавриловиќ го совладаа Лорис откако Французите се опуштија по прекрасниот гол на Погба во 75. минута.
Швајцарците први поведоа во 15. минута со голот на Сеферовиќ, а во второто полувреме Родригез не реализираше од белата точка. Само четири минути подоцна со два брзи гола на Бензема, Франција дојде до водство.
Вистинска драма имаше и во Копенхаген каде Хрватска во 94. минута успеа да се избори за продолженија, иако само 5 минути претходно имаше негатива од два гола. Шпанија победи со 5:3, откако регуларните 90 минути завршија со резултат 3:3.
Двата гола во продолжението Шпанија ги даде за само три минути. Најпрво Алваро Мората во 100. минута, а потоа и Микел Ојарзабал во 103. ја матираа Хрватска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа