Медот никако не делува на оваа група луѓе: Имунолог откри - „Залудно го јадете, има две причини“

 

Ако патите од сезонски алергии, можеби сте чуле дека медот може да ви помогне. И можеби и сте поверувале, на крајот на краиштата, медот е благотворен кај многу здравствени проблеми, го зајакнува имунитетот и ги отстранува симптомите на алергија.

Но, кај алергиите не е делотворен, и тоа од две причини, објаснуваат експертите.

Верувањето дека медот помага кај алергии потекнува од фактот дека медот содржи полен, а постојат студии кои докажуваат дека изложувањето на мала количина алерген, со текот на времето ќе помогне алергичната личност да стане помалку подложна на симптомите.

Алергологот и имунолог д-р Морис Неџат објаснил дека тоа не е точно.

„Количината на поленот во медот буквално е премал за да предизвика ваква реакција“, рекол тој.

Потоа, често се наведуваат благотворните дејства на медот кога станува во прашање за антибактериските својства.

„Но, пролетните алергии немаат никаква врска со бактериите“, објаснува Неџат.

Значи, ако медот ви одговара и ви ги олеснува симптомите, слободно консумирајте го или ставајте го чај, но знајте дека самиот по себе нема никакво дејство на самата причина на алргијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2021 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега