Меџити: Албанското знаме не е само на државата Албанија, туку на сите Албанци

 

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека при посетата на Обединетите нации, меѓу бројните знамиња на фотографијата било албанското, но и македонското државно.

„Јас сум претставник на Владата на Република Македонија и се сликав пред државното знаме, но воедно јас сум албанец и тоа не го кријам. Во нашиот Устав на Република Северна Македонија стои дека сме дел од албанскиот народ.“ истакна Меџити во гостување на „Трилинг“.

Според Меџити едното знаме е државно (македонското), а другото е на сите албанци ширум светот, а не само на државата Албанија. Тој истакна дека Косово е нова држава со сопствено државно знаме, но во различни пригоди секој се идентификува и го употребува албанското знаме коешто има историја од времето на Скендербег.

Според Изет Меџити безразлика дали некој албанец е во Њујорк, Истанбул, Македонија или Грција сите имаат државни знамиња кои ги почитуваат, но како албанци се идентификуваат со тоа знаме, уште од времето на Скендербег.

26.10.2024 - 12:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега