Мегабура ја пустоши Европа: Седум жртви

Мегабурата Сиаран го парализираше сообраќајот во северни делови на Европа. Откажани се стотици летови, блокирани се патишта и пруги во северозападна Франција, југозападна Англија, Холандија, Белгија, Германија и Италија, пренесува Јутарни Лист.

Во Холандија дрво падна врз лице во југоисточниот град Венреј во близина на границата со Германија, соопштила тамошната полиција. Паѓањето дрвја повреди луѓе на неколку други локации, вклучително и една жена во Хаг.

Во Франција две лица загинаа, а 15 се повредени, меѓу кои и седум пожарникари, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин. Возачот на камионот загинал кога удрил во паднато дрво. Во Авр, еден човек бил фатен од налет на ветер додека ги затворал ролетните на прозорецот и починал.

 

 

Околу 1,2 милиони домаќинства останаа без струја, а стотици илјади се исклучени од мрежата на мобилни телефони. Во некои региони ветерот достигна брзина и до 200 километри на час.

 

 

Соборените дрвја ги блокираа патиштата и железничките пруги. Причинета е значителна материјална штета. Поради невремето откажани се стотици летови. Возовите од и до Париз, исто така, не сообраќаа, а беше погоден и превозот.

03.11.2023 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега