Мексиканската Ким Кардашијан почина на 29. години: Животот го загубила за време на операција на задникот

 

Џоселин Кано, позната светска инфлуенсерка која на Инстаграм ја следат дури 12.,9 милиони луѓе, починала на 29. години. Како што пренесуваат светските медиуми, Џоселин починала после операцијата за подигнување на задникот која ја направила во Колумбија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Joselyn Cano  (@joselyncano)

Таа живеела во Њупорт бич во Калифорнија, а зафатот во Колумбија ѝ бил направен на 7. декември. Кано била модел, инфлуенсер, моден дизајнер.

Веста за нејзината смрт во медиумите се појавила по објавата на инфлуенсерката Лира Мерсер.

-О, мој Боже...Џоселин Кано починала во Колумбија, на операција. Тоа е страшно, напишала Лира.

Семејството на Кано се уште се нема официјално огласено, додека бројни фанови од неа се збогуваат на социјалните мрежи.

Голем број нејзини фанови ја нарекува „мексиканската Ким Кардашијан“ поради облините кои многу потсетуваат на славната старлета.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Joselyn Cano  (@joselyncano)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2020 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега