Мелони: Сурогат мајчинството е нехумано
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони изјави дека сурогат мајчинството е нехумано и оти би поддржала закон со кој оваа практика би станала универзално кривично дело.
– Сè уште верувам дека изнајмувањето матка е нехумано и ја поддржувам легислативата за ова да стане универзално кривично дело. Се надевам дека таков закон ќе стапи во сила што поскоро, наведе Мелони на средбата „За млада Европа – демографски промени, животна средина и иднина“.
Таа додаде дека јавната потрошувачка за поддршка на наталитетот „е корисна потрошувачка со многу висок мултипликатор и не може да се смета исто како и другите расходи во нашиот буџет“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа