„Messenger“ ќе добие три нови опции

 

Messenger ќе добие неколку нови опции, соопшти Facebook.

Најважната опција е quick reply којашто на корисниците ќе им овозможи брз одговор на мултимедијалната содржина што ја добиваат од друг корисник, преку порака на Messenger.

Кога ќе добиете фотографија или видео во порака на дното ќе се појави опцијата quick reply преку која веднаш ќе може да одговорите.

Корисниците ќе добијат и три нови теми за Messenger – една според „Sour“, новиот албум на Оливија Родриго, тема според „Fast and Furious“ и тема поврзана за Светскиот ден на океаните.

Последна опција се QR кодови и линкови за плаќање кои за почеток ќе им бидат достапни единствено на корисниците во САД.

20.06.2021 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега