Метеоаларм: Македонија во жолта фаза поради врнежи од дожд
Речи си цела Македонија денеска е во жолта алертна фаза како предупредување поради врнежи од дожд. Единствено за југоиточниот регион нема предупредувања.
Македонија, особено нејзиниот северозападен дел од утрово е зафатен од интензивни врнежи од дожд.
УХМР вчера објави дека во текот на денот можно е да наврнат и 20 литри дожд на метар квадратен.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд - 16 литри на квадратен метар наврна на Попова Шапка, по што следат Лазарополе со 10, Тетово со три, Маврови Анови со два и во Скопје, кај Зајчев Рид - еден литар на квадратен метар.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на ноќта имаше мала до умерена локална облачност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа