Метју Меконахи: Никој не можеше да го убиe татко ми освен мајка ми, почина додека водеа љубов
Актерот Метју Меконахи прв пат јавно зборувал за смртта на својот татко Џејмс, кој починал во 1992 година, и признал дека му се треселе колената кога ја дознал трагичната вест за смртта на својот татко.
– Не можев да верувам. Ми беше татко. Никој и ништо не можеше да го убие. Освен мама. Секогаш мене и на моите браќа ни велеше: „Дечки, кога ќе заминам, тоа ќе се случи додека водам љубов со мајка ви.“ И така и се случи. Доживеа срцев удар кога го достигнал врвот – раскажал Оскаровецот и сите ги изненадил со својата семејна тајна.
Открил и дека одност на неговите родители бил мошне турбулентен, како и дека понекогаш биле насилни еден кон друг, но и се развеле два пати, а три пати се венчале.
– Тоа беше како Тихи Океан среде бура – раскажал Меконахи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа