Мицевски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собранието, на потег е власта да закаже итна седница

Граѓаните, компаниите и стопанството немаат време за чекање. Економијата и бизнис секторот немаат време за политички сплетки и политиканство. Помошта е потребна веднаш, без одлагање. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собранието, бараме итна седница, рече на прес конференција координаторот на пратеничката група на вМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски откако претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите повтори дека нема да закаже посебна седница.

– Од тие причини, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш, од оваа говорница бараме од СДСМ, Зоран Заев и владејачкото мнозинство веднаш да закажат итна пленарна седница на која што заедно ќе ги разгледаме и едногласно ќе ги изгласаме законите од таканаречениот петти пакет мерки поврзани со финансиската помош за граѓаните и компаниите.  Во овој момент, на оваа прес конференција позади мене се присутни сите пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои се подготвени да бидат присутни и да дадат целосна поддршка за овие закони доколку власта конечно се вразуми и одважи да ја закаже седницата – рече Мицевски.

Тој апелира да престанат политичките игри, пазарења и тактизирања врз грбот на граѓаните и стопанството и веднаш, уште денес да се закаже итна пленарна седница на која што ќе ги изгласаме законите од таканаречениот петти пакет на мерки за финансиска помош на граѓаните и стопанството.

– Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе бидеме присутни во Собранието. Сега на потег е власта – рече Мицевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2021 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега