Мицкоски: ЕУ не смее да остане затворен клуб

 

Имав свое обраќање во германскиот совет за надворешни работи (ДГАП). Говорев за нашите цели и нашата борба да ја стабилизираме државата. Наследивме власт која ја одзема државата од рацете на народот, пишува премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

„Овие 100 дена како е новата Влада, работевме 100% посветено за да обезбедиме пристојност и нови можности. Меѓудругото се обидуваме и да го откочиме закочениот европски процес за интеграции преку полагање на нашите надежи во решение кое ќе биде фер основа за градење на доверба.

ЕУ не смее да остане затворен клуб, туку интеграциска заедница на просперитет и можности“, напиша премиерот.

14.10.2024 - 20:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега