Мицкоски: Францускиот предлог може да има предлог плус

 Премиерот Христијан Мицкоски ја повтори посветеноста на Владата кон европските интеграции, но истакна дека за отстранување на бугарското вето е потребно формирање на стабилна влада во Софија.

На денешната прес-конференција, Мицкоски посочи дека Македонија е подготвена да продолжи со реформите и да ги исполни сите услови за членство во Европската Унија, но дека процесот е блокиран поради билатералниот спор со Бугарија.

„Ние сме за одблокирање на евроитеграциските процеси, но од другата страна треба да имаме партнер со кој ќе можеме да комуницираме“, истакна Мицкоски, додавајќи дека се надева дека по изборите во Бугарија ќе биде можно да се отвори конструктивен дијалог.

Премиерот предупреди дека продолжувањето на праксата на поставување нови дополнителни барања, како што беше случај со „францускиот предлог“, може да го дополнително одложи процесот.

„Додатоците од типот на Француски предлог можат да имаат уште еден додаток – Француски предлог плус итн.. Убеден сум дека нашиот источен сосед ако го гледа и својот интерес ќе му стане јасно дека процесот на преговори мора да почне за нас“, рече Мицкоски.

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, исто така ја потврди посветеноста на владата кон европските интеграции и истакна дека се преземаат сите неопходни чекори за исполнување на критериумите за членство.

Мицкоски ја критикуваше претходната влада, обвинувајќи ја за неспособност да го реши спорот со Бугарија и за прифаќање на неповолни услови. Тој истакна дека граѓаните на  Македонија заслужуваат да бидат дел од европското семејство и дека владата ќе направи се за да го овозможи тоа.

27.08.2024 - 18:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега