Мицкоски: Имаме одлични закони напишани на хартија, но проблемот е во нивната примена
Премиерот Христијан Мицксоки со порака од Атлантскиот совет во Вашингтон.
Кога луѓето ме прашуваат: Што правите? Што можете да кажете за ова? Што точно правите во моментов? – мојот одговор е секогаш ист: Ние се бориме против нив, и тоа одлучно, потенцираше Мицкоски.
„Имаме одлични закони напишани на хартија, но проблемот е во нивната примена. А кој е одговорен за спроведувањето? Обвинителите и судиите. Како тие стануваат обвинители и судии? За жал, тие се назначени од оние кои самите станале политички криминалци.
Нашиот прв приоритет е да го смениме начинот на размислување на обвинителите и судиите, за да носат одлуки врз основа на законите и Уставот – а не според барањата на политичарите што ги избрале“, нагласи Мицкоски.
21.02.2025 - 13:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа