Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки

 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, рече дека иницира проект за развој на државата кој ќе биде преточен во стратегија до 2050 година. Целите на проектот, како што напомена, ќе се дефинираат во соработка со МАНУ, а на крај, по нивното заокружување, ќе се бара сеопфатен консензус, од сите политички партии и чинители.

Според Мицкоски, станува збор за стратегија „чии цели нема да зависат од лакомоста и незнаењето на политичарите“.

Тој ја повика опозицијата на соработка и заедничко носење одлуки.

-Ајде да се обединиме и заеднички да ноосиме одуки за иднината зашто друга татковина немаме. Да размислиме стратешки за добро на државата. Секој ваш предлог што е конструиктивен ќе го прифатиме, нагласи Мицкоски.

Тој потенцира и дека науката, целите и стратегијата не треба да се етнизираат. 

-На граѓаните им е преку глава од водење државта ден за ден. Мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за развој. Од кога почнав да се занимавам со политика тврдам дека на ова наше македонско прашање му е потребна енергија. Сметам дека денес дојде денот да почнеме нов, сериозен проект. На овој ден сакам да иницирам проект кој ќе го договори Владата со МАНУ и универзитетската заедница, проект кој ќе биде претрочен во стратегија до 2050 година, со кој ќе се дефинираат развојот на државата, демографските предизвици, економските цели, земјоделскиот, технолошкиот, енергетскиот и транспортниот развој. Да изготвиме стратегија која ќе ја дефинира новата парадигма на современата држава. Ќе побарам широк партиски консенсуз за прифаќање на стратегијата. Таков консензус ни недостига сите овие години, истакна Мицкоски. 

Тој го отвори и прашањето за наталитетот, предупредувајќи дека според последните истражувања, во следнтие 70 години сме на добар пат да исчезнеме како држава. 

23.10.2024 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега