Мицкоски: Ќе имаме една изборна единица за следните избори

 

Ако навреме се фатиме за работа, тогаш не гледам причина зошто на следните парламентарни избори да не успееме да одиме со една изборна единица. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот настан по повод 80-годишнината од постоењето на Државниот завод за статистика.

– Политичката партија ЛДП денеска најави дека ќе поднесе во Собранието предлог за укинување на шесте изборни единици и воведување една изборна едиица со можност да гласа и дијаспората. Јас веќе еднаш потврдив дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат ваквиот предлог. Секако, потребно е тој предлог да дојде во наши раце, добро да го прочитаме и да го анализираме, ама начелно се согласуваме со ваквите измени, вели премиерот.

02.06.2025 - 11:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега