Мицкоски: Нашите кандидати за градоначалници имаат револуционерни проекти за економијата

Како човек и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ценам дека ситуацијата во нашата држава во моментот е алармантна, изјави денеска Христијан Мицкоски.

Како што рече тој, Македонија е на врвот на листата на најкорумпирани држави во Европа, а скандалите се секојдневни.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека локалните избори се можност за опомена на оние кои што се власт во Македонија дека, како што кажа, погрешно ја практикуваат политиката и ја водат Македонија директно во амбис.

„Како ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе понудиме како и секогаш програми со многу проекти кои што го засегаат бизнисот, ја засегаат економијата, проекти кои што имаат за цел да додадат вредност за бизнисмените, за претприемачите, за нивниот бизнис, да ги растеретат практично, дури и понудивме не само децентрализација, туку и реинституционализација на Владата односно нејзино дисперзирање во повеќе области во Македонија, во зависност од потребите на граѓаните. Така што цениме дека имаме револуционерни чекори. За жал, поради карактерот на оваа Влада и злоупотребите кои што се случија на минатите предвремени парламентарни избори многу малку можевме да зборуваме за понудата. Се надевам дека на овие локални избори ќе зборуваме многу за понудата, но и тука сме исто така за слушнеме што бизнис заедницата односно стопанствениците имаат да кажат“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека кампањата почнува во понеделник и дека има уште три дена за дискусија, иако, како што рече, е убеден дека најголем дел од барањата на стопансвениците веќе се вклучени во програмите на кандидатите за градоначалници.

24.09.2021 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега