Мицкоски: Не сакам замрзнување на цени но кога има неодговорни трговци ќе мораме

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека денеска попладне ќе биде објавена одлуката на владата со која ќе се ограничат цените на некои поризводи кои се потребни за учениците за стартот на учебната година. 

Коментирајќи ја мерката за замрзнување на цените како непопуларна, Мицкоски рече дека во некои ситуации Влада е принудена да повлече такви чекори бидејќи трговците се неодговорни.

-Тоа не е популарна мерка, да се разбереме, да замрзнувате цени, да ограничувате маржи, и тоа нема врска со пазарната економија. Но кога гледате дека одговорноста е се помала, кога имате, дуопопл, триопол, а некогаш и монопол на пазарот, тогаш како Влада мора да реагирате со ваков тип на мерки со кои што ќе работите во интерес на граѓаните, оние кои што ве гласале, вели Мицкоски

03.09.2024 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега