Мицкоски: Не само што немаме зголемување на Јавниот долг, туку имаме намалување на истиот
-Не можам да ги разберам пораките коои што доаѓаат од СДСМ. Тоа што го направи ова Влада во нешто повеќе од едена година, токму спротивен спротивен процес. Факт е дека во март месец имаме намалување на јавниот долг за 4,7% од БДП, истовремено, треба да се напомене дека вративме еврообврзница која што е земена од претходната Влада во 2018 година од половина милијарда евра, крајот на јануари месец. Министерството за финансии жестоко се бори да ја оддржи макроекономската стабилност, а без притоа да не имплементира нови давачки, да не го зголеми ДДВ, да не ја зголеми возраста за пензионирање, нешто што е барање и од меѓународните институции. Жестоко се бориме, со онаа одлука на Устевен суд да ги вратиме оние 50-тина милиони евра данок на солидарност кој што минатата Влада ги зема, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски откако беше запрашан во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека оваа Влада премногу се задолжила.
Премиерот Мицкоски истакна дека јавниот долг не се зголемува туку напротив истиот се намалува.
-Сето она кое што сме се задолжиле е за да вложиме во капитални инвестиции, а не како што тоа го правеше претходната Влада за пензии, за плати и т.н., а сепак, наоѓаме ликвидност да функционираме, да реализираме проекти, да корегираме грешки од минатото. Исто така, треба да се напомене дека се бориме буџетскиот дефицит да го намалиме под 4%, така што јас знам колку вложуваат сите членови во владата. Колку вложува министерството за финанси за да ја одржи оваа макроекономска стабилност, а притоа немаме зголемување на цената на електричната енергија за граѓаните, практично зголемување на пензии, вративме плати, тие што им се должеа на граѓаните, не само што немаме зголемување на долгот туку имаме намалување на долгот, тоа е реалноста затоа што едноставно нашата задача и обврска е да работиме во интересот на граѓаните, рече премиерот Мицкокси
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа