Мицкоски: „Не“ за уставни измени - од Бугарите нема никаков сигнал

 

Премиерот Мицкоски вели дека нема промени во ставот за промена на Уставот, бидејќи како што рече, не гледа никакви сигнали ниту од бугарска страна.

„Нашите ставови се јасни, поврзани со уставните измени и тука нема промена, затоа што од другата страна ние не гледаме барем во овој момент било каков сигнал, дека има промена во однесувањето, односно од страна на нашиот источен сосед.

Јас жалам што е тоа така и се надевам во периодот кој што следи повеќе ќе зборуваме за решенија отколку за проблеми.“ - рече Мицкоски.

 

14.05.2025 - 11:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега