Мицкоски: Очекувме ЕУ да ни помогне како да ги продолжиме евроинтеграциите
Во овие услови на променета геополитичка ситуација во светот, нашата земја останува стабилен, сигурен и посветен партнер на ЕУ. Но, очекуваме Европската Унија заедно со нас да помогне во изнаоѓањето на начини како да продолжи нашиот европски интегративен пат, истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите на кои што почива самата ЕУ, изјави на заедничката прес-конфереција со претседателката на ЕК, премиерот Христијан Мицкоски.
Тој вели дека нивната средба била од исклучителна важност за иднината на нашата држава и за натамошно динамизирање на европските интеграции кои се врвен стратешки интерес, приоритет и цел.
„Остануваме цврсто посветена како Влада на својот пат кон полноправно членство во Европската Унија.
Нашата визија е јасна, сакаме да бидеме дел од европското семејство, споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на правото и почитување на човековите права. Свесни сме дека пред нас стојат значајни предизвици. Реформите кои ги спроведуваме во областите на правосудството, борбата против корупцијата, економскиот развој и зајакнувањето на институциите се клучни за нашата иднина. Овие промени не се само услов за членство во ЕУ, туку се неопходни за подобрување на животниот стандард на сите граѓани“, додаде премиерот Мицкоски.

24.10.2024 - 13:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа