Мицкоски оствари средба со Главчев, констатирано дека треба да се релаксираат односите

Премиерот Христијан Мицкоски на маргините на официјалната фотосесија на лидерите на Влади и шефови на држави на НАТО самитот оствари кус разговор со премиерот на Бугарија, Димитар Главчев.

Беше констатирано дека треба да се релаксираат односите, при што посочив дека треба да се гледа на иднината и да се користат можностите за соработка, посочи Мицксоки.

„Темите од минатото и отворањето на нови препреки нема да ги зближат двата народи и дека треба да се направат напори и чекори кои ќе влеат доверба меѓу државите како во периодот пред ветото и отпочнувањето на политиката на опструкции“, истакна Мицкоски.

11.07.2024 - 11:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега