Мицкоски: Парите што Заев ги заврти во свој џеб, по изборите ќе вртат на бројчаникот на Триумфална

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предизборно беше во посета на Струга од каде порача дека после 15 јули доаѓа „обнова на државата“.  

-Изборот е јасен, нема дилема. После 15 јули да ги засукаме ракавите и да си ја обновиме Македонија од руината која што ова раководство на СДСМ и Зоран Заев ќе ни ја остават. Денеска го слушам Зоран Заев, вели ќе ја обновеле Македонија, ние една година велиме дека ни треба обнова на Македонија, а нему денеска му текна, дека навистина требало. Прв пат ќе се сложам со Зоран Заев, навистина треба обнова, но тоа нема да го амнестира од сето разурнување, од сиот срам кој заедно со СДСМ го нанесоа на Македонија и на граѓаните изминативе три години. Имаме тригодишна пандемија наречена СДСМ и Зоран Заев, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека СДСМ ветувале 5% раст на БДП, 30 000 денари плата, домашни и странски инвестиции, а донеле „празни ледини“.

„Единствено нешто што направи СДСМ е амнестија за самите себе од она кое што му го приредија на македонскиот народ, амнестија од евро за Вицето и евро за црквата и тоа е единствената реформа која што ја направија во судството. Ветувавте бројчаници на Триумфалната капија во Скопје, па направивте една парада, закаливте еден бројчаник. Колку заврте господине Заев, да заврте ама во вашиот џеб и во џебот на вашето семејство. Јас ви ветувам дека секој денар кој што го завртевте во вашиот џеб и џебот на вашето семејство после 15 јули ќе заврти на бројчаникот кој што го монтиравте на Триумфаланта Капија во Скопје. Мора правда да дојде“, рече Мицкоски.

Мицкоски вети 20% повисоки пензии, инвестиции во спортот, образованието и реновирање на студентските денови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега