Мицкоски: По 8-ми мај следува економски бум

Мораме да обезбедиме пари ако сакаме да ги креираме овие 55.000 работни места односно тие пари да влезат во бизнисот за да може реалниот сектор да ги креира. Многу од бизнисмените, многу од луѓето од реалниот сектор ми велат, имаме потреба од луѓе, имаме потреба од нови вработувања, сакаме да ги платиме, имаме побарувачка од нашите комитенти, но за жал во овој период сме, би рекол во гард, затоа што прво сме несигурни со бизнис амбиентот што владее во државата во целост. И второ, она што за нас е важно е дека практично не владее правото и законите насекаде, кажа претседателот Христијан Мицкоски во интервју за МИА.

Тој нотира дека како идна влада нема намера да се занимава со стимулирање на потрошувачката, туку со стимулирање на инвестициите и тоа е начинот на којшто ќе се зголемат параметрите, кои ќе треба да носат повеќе приходи во буџетот, а од друга страна да има контролирани расходи, што пак ќе значи раст на БДП.

Претседателот рече дека за изборното ветување за креирање на 55 илјади нови работни места, веќе разговарал со пријатели коишто се дел од структурата на инвестициски финансиски фондови, држави од каде што очекуваат исклучителна поддршка и помош.

Тој исто така потенцира дека парите од ветувањето за покачување на пензиите за 5.000 денари во првата година од мандатот се веќе обезбедени преку димензионирање на проектите и програмата со која истапи ВМРО-ДПМНЕ.

21.04.2024 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега