Мицкоски првиот работен ден го помина на терен, присуствуваше на поставување камен темелник на спортскиот центар „Џексон“

 

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски првиот работен ден го помина на терен во Штип. Мицкоски присуствуваше на поставување камен темелник на спортскиот центар „Џексон“, инвестиција од 66 милиони денари, а средствата се од државниот буџет. Мицкоски заедно со министерот за здравство Арбен Таравари ја посети Клиничката болница во Штип, а оттаму најави дека утре ќе биде објавен проектот за Ветерниот парк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш.  

-Благодарение на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, каде прво потпишан е нормално пратеникот Никола Мицевски, бидејќи овој проект е од претходниот парламентарен состав, а сега еве доаѓаме до реализација. Јас сум навистина горд што можеме еве вака со проекти веднаш да го почнеме нашиот мандат како Влада. Убеден сум дека тоа ќе ја врати надежта кај граѓаните, дека Македонија ќе ја биде и дека сите ние заедно можеме да направиме многу повеќе за нашата држава. Она кое што исто така е важно е дека Штип се гради, рече Мицкоски.

24.06.2024 - 16:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега