Мицкоски се сретна со Шарл Мишел: Европа да, врз основа на реални критериуми
Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи информираше дека имал средба со првиот човек на Европскиот Совет, Шарл Мишел на кој порачал дека е за Европа, но исклучиво врз база на реални критериуми.
Имав средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Разговаравме за европската иднина на регионот и нашите потенцијали. Европа да, врз основа на објективни и реални критериуми, напиша Мицкоски на ФБ објавувајќи фотографии од средбата.
19.09.2024 - 17:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа