Мицкоски се збогува од Змејковски: Ќе остане запаметен како голем човек

По долго боледување почина Владимир Змејковски од Форумот на слободоумни патриоти и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски се збогуваше од него на социјалните мрежи.

„Се опростуваме од човекот кој сиот свој животен век го посвети на својата татковина. Ја поттикнуваше љубовта кон Македонија, но беше и неуморен критичар кон политичките и општествените процеси. Своето големо искуство секогаш го ставаше на располагање пред сите нас. Владимир Змејковски во нашите сеќавања ќе остане запаметен како голем човек. Почивај во мир“, напиша Мицкоски.

24.09.2021 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега