Мицкоски: Треба ли да го коментирам Апасиев? Како што кажа негов поранешен сопартиец, тоа е група џанаци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар за состав на новата Влада, Христијан Мицкоски му одговори на првиот човек на Левица, Димитар Апасиев кој вели дека очекува „косоваризација“ на државата.

-Треба ли да го коментираме Димитар Апасиев? Димитар Апасиев пред изборите имаше бланко понуда од ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да застане на страната на македонското национално единство. Тој одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде летово ќе ужива, дали на Хургада или на некоја друга грчка плажа. И како што еден од неговите поранешни сопартијци вика - дека тие биле една група на џанаци, така и продолжува да се однесува, рече Мицкоски.

Ова доаѓа откако Апасиев кажа дека шесте пратеници на Левица ќе гласаат против Африм Гаши да биде новиот претседател на Собранието и оти тоа е „косоваризација“ на државата и македонското Собрание.

28.05.2024 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега