Мицкоски: Владата на Заев да не измислува димни завеси, предупредував за поскапувањето на струјата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција упати критики поради најавеното поскапување на струјата и  посочи дека тоа е резултат на недомаќинската политика на СДСМ и Зоран Заев.

„Покачувањето на струјата, оваа Влада не го вети, но го реализираше. Тоа е удар врз стандардот и грабеж на граѓаните. Нема друга држава која сред пандемија покачува електрична енергија. Владата на Заев да на измислува димни завеси. Власта е виновна за вакво покачување. Предупредував пред една година за состојбата со струјата. Со сите овие недомаќински политики, ние плаќаме повисока сметка“, истакна Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега