Мицкоски: Владата одлучи - пензиите линеарно се зголемуваат за 5.000 денари

На првата седница повисоки пензии за пензионерите, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.
 
 Мицкоски со гордост ја сподели веста дека ветувањето пред повеќе од 1 година станува реалност.
 
После победата на изборите, новата Влада веднаш пристапи кон исполнување на своите ветувања. На првата владина седница која се одржа на 28 јуни 2024 година, најавувам линеарно зголемување на пензиите за 5000 денари, рече Мицкоски.
 
„Првата исплата од 2500 денари ќе биде во септември, а втората од 2500 денари ќе следува во март.
Ова ветување го дадов и на мојата последна средба со пензионерите во Велес. Тоа беше време кога тие протестираа по улиците барајќи достоинствен третман од власта. Попладнево со задоволство ќе ги посетам.
Ги исполнуваме ветувањата дадени пред граѓаните и заедно градиме подобра иднина!“, нагласи Мицкоски.
 

28.06.2024 - 14:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега