Мицкоски: Владата одобри 250 милиони евра за домашните компании

 


Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција изјави дека на владина седница која се уште трае беше донесена одлука, со која како што ветивме, се ставаат на располагање на стопанството 250 милиони евра за инвестиции и развој на домашните компании.

-Ова е историски најголема сума до сега која директно се става на располагање на стопанството и претставува прва одлука со ваков износ кој до сега државата го обезбедила за стопанството, домашните компании и фирми и истите тие може да ги користат овие пари преку давање на супер ниска каматна стапка. Овие пари се од унгарската кредитна линија, а методологијата по која парите ќе станат достапни за компанијата е преку министерството за финансии.

Мицкоски очекува значајно влијание за стопанството. Ова, според него ќе обезбеди нови комании и нови работни места.

28.01.2025 - 13:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега