Мицкоски во посета на Германија - Од таму лета за Вашингтон
Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани од денес и во наредните неколку дена ќе присуствува во Сојузна Република Германија. Тие ќе бидат дел од Минхенската безбедносна конференција каде се собираат политичките лидери од светот во пресрет на актуелните прашања поврзани со украинско-рускиот спор, прашањата со безбедносната политика на НАТО и пристапниот дијалог со ЕУ.
Премиерот Мицкоски ќе ја предводи Владината делегација која ќе учествува на минхенската конференција при што ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на конференцијата посветен на ЕУ пристапните преговори на западниот балкан, како и панел дискусијата на Форин Полиси каде ќе говори за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво.
Воедно се очекуваат и повеќе билатерални средби со преставници на ЕУ и негови колеги од регионот.
На конференцијата ќе присуствуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и државниот секретар Марко Рубио.
По завршувањето на конференцијата Мицкоски ќе отпатува за Вашнингтон каде втор пат за кус период ќе учествува на настан на Американската Конзервативна Партија, поточно ЦПАЦ што е најголем собир на конзервативците. Таму се очекува и негово обраќање, а претходно таму свој настап имале аргетинскиот претседател, премиерката на Италија и унгарскиот премиер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа