Мицкоски: За луѓето од 27-ми април не сум рекол дека ќе излезат од затвор, ама ќе добијат правда

Не сум рекол дека ќе излезат од затвор, туку дека ќе сториме се што е во наша моќ за да ја добијат правдата, вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за ветувањето кое го даде неговата партија за време на изборната кампања.

Сум кажал дека тие се во затвор неправедно, незаслужено и дека се дел од монтиран политички судски процес и не мислам дека треба таму да бидат ниту ден повеќе, рече Мицкоски.

„Тие ја бараат правдата, а правдата е да, можеби сме направиле грешка но секако не сме терористи. И тоа е она што јас сум го ветувал и тоа е она не кое што ние работиме. Не би можел да зборувам сега до каде е. Потребни се нови моменти, нови докази за да можеме да направиме нешто во тој случај“ рече Мицкоски.

Рекации има од нив и знам дека ќе бидат напаѓан од нив, вели Мицкоски.

„Едно знам, дека душата ми е мирна и спокојна, затоа што ниту еден од нив во ниту еден момент не бил заборавен од мене по ниту една основа. Колку сум можел сум помагал на нив и на нивните семејства. Но верувајте дека ќе се борам против секој напад со чист образ, со многу аргументи и со многу работа“ рече Мицкоски.

За ова има истражни органи кои ќе го сторат тоа, тврди премиерот.

11.09.2024 - 23:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега