Мицотакис: Грција е против испраќање европски или НАТО сили во Украина
„За Грција не станува збор за испраќање европски или НАТО сили во Украина“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по конференцијата на европските лидери за Украина, која ја организираше францускиот претседател Емануел Макрон во Париз.
Мицотакис рече дека тоа е ставот на „повеќето негови колеги“, нагласувајќи дека ова прашање ги „дезориентира напорите“ за поддршка на Украина, пренесува „Катимерини.
Тој додаде дека на средбата била потврдено единството и решителноста на сојузниците да ја поддржат Украина да се брани од руската инвазија.
По конференцијата, Макрон рече дека нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи дека „ништо не треба да се исклучува“.
„Во моментов нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме се за да не победи Русија“, рече Макрон на прес-конференција, пренесе Ројтерс.
На самитот во Париз присуствуваа околу 20 европски лидери, а Елисејската палата објави дека целта на средбата е да му се испрати на рускиот претседател Владимир Путин „порака дека Европа е решена да и помогне на Украина и да се спротивстави на наративот на Кремљ“ дека Русија мора да победи војната, која влезе во третата година“, пренесува Танјуг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа