Мицотакис прогласи победа: „Ќе бидам премиер за сите Грци“

 

Киријакос Мицотакис, лидерот на Нова демократија, по победата на партијата во вчерашниот, втор круг од парламентарните избори изјави дека е задоволен од „одреденото мнозинство“ што го освои и вети дека ќе ги продолжи клучните реформи со забрзано темпо.

„Ќе останам верен на мојата национална должност и нема да толерирам ароганција или вообразено однесување“, рече тој, според Катимерини.

Мицотакис истакна дека гласачите ги отфрлаат „лагите и токсичната атмосфера што го подели општеството“ и вети дека ќе биде премиер на „сите Грци“.

26.06.2023 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега