Мијалков со честитка за Денот на револуционерната борба: ВМРО е Македонија - Македонија е ВМРО

 

 

Ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков го честиташе 23 октомври, Денот на ВМРО. 

Преку социјалната мрежа Фејсбук рече дека Македонија раѓала и ќе раѓа херои.

„Нивните идеали за слободна, независна и просперитетна Македонија живееле и ќе живеат пренесувајќи се од генерација на генерација. Нивните идеали се и ќе останат темел на четирите свети букви ВМРО. ВМРО е Македонија - Македонија е ВМРО. Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба! Нека е вечна организацијата! Нека е вечна и благословена Македонија!, напиша Мијалков.

23.10.2024 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега