Милoшоски: Падна таван во детска градинка, одговорност за фушерајот мора да има (ФОТО)
Антонио Милошоски објави на неговиот профил на Фејсбук фотографии од несреќата во градинката „Мајски Цвет“ во Скопје.
„Среќа во несреќа е што во градинката "Мајски цвет" (Карпош, Тафталиџе2) таванот паднал за викендов, кога немало дечиња, и нема повредени, ниту жртви. Но, одговорност за ваквата ризична градба, за фушерајот за објект кој згрижува мали деца и за тендерот треба да има.
Инаку на увид, градба, отварање за оваа градинка имаше дури 5 настани, една со Заев и Богоев, па потоа Богоев и Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и Шахпаска заедно, сите настани со прес конференции како СДСМ квалитетно гради, и колку добро СДСМ се грижи за децата. И еве го резултатот. Голема несигурност за децата.
Голема среќа што таванот паднал за викенд, кога градинката била празна“, напиша Милошоски.
13.06.2022 - 11:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа