Минимална кошница: За да го преживеете месецот потребни ви се 60.000 денари
Сојузот на синдикати на Македонија ја објави минималната кошница за месец мај.
ССМ бележи пад од 122 денари на синдикалната кошница, но сепак за да се помине месецот потребни се 60.090 денари.
Најмногу пари месечно одат за храна и пијалаци. 21.689 денари се потребни за едно четиричлено семејство да се нахрани и тоа се 36,1% од вкупниот буџет.
За облека и обувки потребни се 4.928 денари или 8,2% од буџетот. За режиски трошоци на едно семејство му се потребни 6.014 денари или 10% од вкупниот буџет.
21.05.2024 - 12:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа