Министерот Бесими на состанокот на Конституенцата на ММФ и СБ во Црна Гора

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска и утре ќе учествува на Состанокот на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка што се одржува во приморскиот град Тиват, Црна Гора.

„Во рамки на состанокот, министерот Бесими  ќе учествува на панел дискусијата на тема „Стремеж за економска стабилност/Фискална консолидација и затегнување на монетарната политика – кој е оптималниот микс на политики? На темата ќе дебатираат гувернерите  на централните банки на Молдавија, Ерменија и Романија, а свои обраќања ќе имаат и Клас Кнот претседател на Банката на Холандија и Алфред Камер директор на одделот за Европа во ММФ.

Министерот Бесими во Тиват на маргините на состанокот на Конституенцата ќе оствари билатерални средби со  заменик-претседателот на Светска банка Антонела Басани и Алфонсо Гарсиа Мора, регионален заменик-претседател во ИФЦ, како и со директорот на одделот за Европа во ММФ Алфред Камер.  

На Состанокот на Конституенцата во Тиват ќе учествуваат високи претставници на ММФ и Групацијата на СБ, како и гувернери на централни банки, меѓу кои и гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, и министри за финансии на земјите членки“, стои во соопштението на МФ испратено до медиумите.

РС Македонија како земја членка на Светската банка е дел од Холандската конституенца, а минисерот за финансии  ја претставува земјава во Одборот на гувернери на Светска банка.

25.05.2023 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега