Министерот Милков не се појави пред бугарските пратеници да зборува за нападот на Пендиков во Охрид

 

Шефот на бугарската дипломатија, Николкај Милков не се појави во бугарското Народно Собрание кадешто требаше да ги образложи деталите за нападот врз секретарот на спорниот бугарски клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.

Точката беше најавена како сослушување на министерот Милков во врска со „уште еден случај на физички напад врз Бугари и бугарски државјани во Република Северна Македонија“, но сега е симната од дневниот ред на Народното Собрание.

Милков за ова вчера говореше и пред колегите во Брисел. Како што пренесоа бугарските медиуми, тој побарал солидарност од шефовите на дипломатиите за наводниот притисок врз бугарската заедница во Македонија. Пендиков, против кого се води истрага за кокаин, во моментот се наоѓа во Софија откако бугарската влада организираше транспорт со државен авион од Охрид. Во неделата го посети и македонскиот министер за надворешни, Бујар Османи. Истрагата за инцидентот се уште е во тек. Пендиков веќе го сменил првичниот исказ во полицијата за тоа кој го претепал.

Прво кажал дека го претепале три машки лица, а потоа оти го натепал едно лица.

Инаку, инцидентот во Охрид беше повод вчера претседателот Пендаровски да го свика Советот за безбедност каде, покрај другите точки, најголем фокус биле односите помеѓу Скопје и Софија. Пендаровски вчерам иако не го спомена неговото име, предложи владата да донесе забрана за влез во државата за бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски кој и денеска продолжува со провокации преку социјалните мрежи.

-Македонија била и е бугарска. Северна Македонија е нешто друго. Заслугата за тоа е на Тито. Со забрани за влез во земјата нема да ја избришете вистината, напиша Џамбаски на Фејсбук.

24.01.2023 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега