Министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка во посета на Македонија: Ќе ги пренесат официјалните ставови на ЕУ

 

 

Денеска во посета на земјава ќе бидат тројцата министри во „Славков“ или „Аустерлиц“ формат – министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, тројцата шефови на дипломатии се ополномоштени од високиот претставник за надворешни работи на Европската унија Жосеп Борел за да ги пренесат официјалните ставови на ЕУ по однос на прашањата поврзани со нашето евро-пристапно досие.

Освен средбата со домаќинот, министерот за надворешни работи Бујар Османи, предвидено е тројцата министри да бидат примени од претседателот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе се сретнат и со лидерот на опозицијата, а ќе имаат одвоени средби и со пратеници од опозицијата и од владеачката коалиција, велат од МНР.

13.07.2023 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега