Минута молк на натпреварите во македонскиот фудбал за жртвите во Турција и Сирија

Претстојниот викенд стартува вториот дел од сезоната во Првата и Втората македонска фудбалска лига во кои натпреварите ќе почнат со минута молк за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

-Комисијата за натпревари одлучи натпреварите од 19. Коло во Прва МФЛ и 16. коло од Втора МФЛ да започнат со едноминутно молчење во знак на трагично загинатите во земјотресот кој минатиот понеделник ги погоди Турција и Сирија, соопшти Фудбалска федерација на Македонија.

Билансот на загинати во двете земји се искачи на повеќе од 41.000 луѓе.

16.02.2023 - 23:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега